Maison Valentina, луксузен бренд за опрема во бањата од Лондон, креираше када со елегантен футуристички изглед.
Нејзината ширина изнесува 180 сантиметри, длабочината 90 сантиметри, а висината 80 сантиметри. За да се произведе кадата Newton, којашто тежи 300 килограми, потребни се 10 до 12 недели, а нејзината цена изнесува 25.000 долари.
Таа е изработена од сфери од месинг, обложени со црн лак, којшто дава исклучителен сјај и софистицираност, додека внатрешниот дел е обложен со злато.