Mitsubishi Outlander избран за SUV на годината во Македонија

45

Mitsubishi OutlanderЖирито на официјалниот избор на автомобил на годината во Р. Македонија го прогласи Mitsubishi Outlander за SUV на 2013 година. Mitsubishi Outlander е многу добро познат на македонскиот пазар и возачите веќе ги искусуваат предностите на неговата трета генерација. Во светски рамки Mitsubishi Outlander ја има достигнато бројката на повеќе од еден милион продадени возила. Овој автомобил е најаеродинамичен во својата класа, располага со голема моќност, а во исто време е и автомобил кој постигнува ниска потрошувачка на гориво. Последната, трета генерација на Mitsubishi Outlander има аеродинамичен изглед и користи високо квалитетни и иновативни материјали. Изработен е од челик со висока цврстина кој заедно со помошните системи им овозможуваат на возачот и патниците врвна безбедност и удобност при возењето.

Наградата за SUV на 2013 година во Македонија ја прими Александар Ордевски, директорот на продажба на македонскиот импортер на Mitsubishi Motors – МакАутостар.