Властите во Египет планираат изградба на нов главен град што ќе се најде околу 45 километри југоисточно од Каиро. Овој проект планирано е да чини околу 45 милијарди долари, од кои околу 20 милијарди ќе бидат поддршка од Кина, пишува USA Today.
Новата египетска престолнина би требало да се протега на површина од 700 километри квадратни, а ќе има капацитет за околу пет милиони луѓе. Според плановите, изградбата би требало да заврши на крајот на 2021 година.
Кинеската компанија Fortune Land Development планира да вложи околу 20 милијарди долари, преку финансирање на изградба на 14 владини згради, трговска зона и конференциска сала со 5.000 места.