Marketplace – опција за огласување преку Facebook

49

marketplace facebook

Најпопуларната социјална мрежа Facebook го претстави својот новитет – Marketplace, место на коешто ќе може да се продаваат и купуваат најразлични производи, пишува на официјалниот блог Facebook Newsroom.

За да се разгледаат можностите што ги нуди Marketplace, потребно е да се кликне на иконата Shop на дното од Facebook апликацијата и потрагата може да започне.

На Marketplace може да се забележат фотографии од огласените производи, а доколку корисникот има некое специфично барање, може да направи пребарување по неколку критериуми: локација, категорија или цени.

Во следните неколку денови, оваа опција на Facebook ќе биде достапна за сите корисници над 18 години во САД, Велика Британија и Нов Зеланд, кои користат iOS или Android оперативни системи. Од компанијата велат дека ќе продолжат со развивање на Marketplace и на десктоп верзија во следните месеци.