
Американскиот милијардер и познат инвеститор Ворен Бафет донираше акции од својата компанија „Беркшир Хатавеј“ во вредност од околу 5,5 милијарди долари, а во овогодишната порака за Денот на благодарноста нагласи дека љубезноста, како и капиталот, се множи со текот на времето.
„Минатиот Ден на благодарноста напишав дека љубезноста е бесплатна, но и бесценета. Една година подоцна, би додал само дека се множи, и тоа со подобра брзина од сè што Чарли и јас некогаш сме купиле“, рече Бафет, алудирајќи на долгогодишниот деловен партнер Чарли Мангер, кој почина во ноември 2023 година.
Бафет ги повика сите луѓе за време на празниците да им се заблагодарат на луѓето кои несебично им помогнале, но и да му дадат поддршка на некој во неволја, пренесува CNBC.











