Продолжува падот на цените на нафтата: Брент се спушти на 91,92 долари за барел

Утрово цената на суровата нафта на светските пазари бележи пад. Британската нафта Брент се тргува по цена од 91,92 долари за барел, со што забележа пад од 0,56 отсто. Истовремено, американската нафта WTI се тргува по цена од 85,10 долари за барел, бележејќи намалување од 0,72 отсто.

До тоа дојде откако знаците за закрепнување на снабдувањето од Блискиот Исток и доволната понуда на физичкиот пазар ја надвладеаја загриженоста поради новите напади во регионот, пренесе „Трејдинг економикс“.

Падот на цените продолжи откако минатата недела двата референтни вида нафта поевтинија за околу 2,5 отсто.