STAR е робот којшто целосно автономно и успешно направи операција на црева на животно, кое по операцијата е без никакви компликации, пишува Medical Daily.
Smart tissue autonomous robot (STAR), освен што е целосно самостоен при извршување на хируршката интервенција, има способност паметно да реагира во неизвесни и динамични ситуации.
Друга важна особина на STAR е тоа што е има “супер човечки“ визуелен систем, составен од повеќе леќи коишто овозможуваат тридимензионална визуелизација на ткивото што се оперира.
Идејата за создавање на робот од типот на STAR е на педијатрискиот хирург Петер Ким.
“Ние сме прва група којашто планира развој на автономна роботска хирургија на меки ткива и во споредба со стандардната пракса тоа се покажа како подобро. Идејата не е да се заменат хирурзите, туку да ја унапреди нивната работа, а постапките да ги направи побезбедни“, вели Ким.