Farm 360 е градина во американскиот град Индијанаполис, којашто користи енергија од обновливи извори и прави огромна заштеда на вода за одгледување на растенијата, пишува Inhabitat.
Градината користи хидропонски систем (метод на одгледување на растенија во вода), којшто користи 100% енергија од обновливи извори. За Farm 360 се потребни 90% помалку вода во споредба со традиционалните начини на одгледување на зеленчук или овошје.
Хидропонскиот систем во Farm 360 добива поддршка од илјадници енергетски ефикасни ЛЕД светилки што ослободуваат розова светлина. Водата, во којашто се развиваат растенијата, е збогатена со хранливи материи.
На Farm 360 во овој момент може да се најдат 35 различни видови на зеленчуци, а меѓу нив има: свеж босилек, нане, кељ, зелена салата, спанаќ…
Оваа иновативна и еколошка градина произведува многу повеќе за разлика од било која отворена или затворена градина, а во исто време обезбедува вработување и можност за економски раст на областа во којашто е сместена.