Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој

17

e22c7101b4677aab87abf4586bf5d7fc1df67d4d1fc139fabe-pimgpsh_fullsize_distr

Четвртата Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР, во организација на студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, ќе се одржи од 24 до 26 ноември 2016 година. Конференцијата ќе се одржи на Факултетот за електротехника и информациски технологии, во соработка со МАКО – СИГРЕ и македонската секција на ИЕЕЕ (Институт за електроинженери).

На конференцијата ќе се презентираат студентски трудови и ќе се организираат пленарни предавања од професори и компании поврзани со електроенергетската ефикасност и одржлив развој.

Своите трудови, студентите можат да ги пријават тука.