Adidas направи дресови од рециклирана пластика

78

adidas-dres-od-reciklirana-plastika

Производителот на спортска опрема, Adidas, ја претстави првата линија на дресови направени од рециклирана пластика најдена во океаните.

Првите дресови се направени за фудбалските екипи Real Madrid и Bayer Munich. Дресовите се направени од рециклирана пластика, собрана во близина на Малдивите, а имаат посебен систем за вентилација што им ја дава неопходната удобност при носењето.

adidas-dres-od-reciklirana-plastika-1

Еколошките дресови може да се порачаат онлајн по цена од околу 73 евра.

Adidas и организацијата Parley for the oceans во јули минатата година ги претстави првите патики во светот, чиј горен дел е целосно изработен од рециклиран отпад и мрежи извадени од дното на океаните.

Parley for the oceans е организација којашто се залага за подигање на свеста за состојбата на океаните и соработува на проекти за нивна заштита. Adidas ја поддржа оваа организација во нејзините напори да стави крај на загадувањето на океаните со пластика.