Unilever додава вегетаријанско лого на 500 производи

61

logo

Мултинационалната компанија за широка потрошувачка Unilever, која стана партнер на Европската вегетаријанска унија (ЕВУ), до крајот на 2017 година ќе го додаде V логото на околу 500 свои производи како што се Hellmans, Flora, Knorr…

ЕВУ е организација која ги обединува повеќето европски национални вегетаријански друштва и здруженија. Од Unilever велат дека оваа соработка цели кон привлекување на луѓето кои ја намалуваат консумацијата на месо.

Во соопштението на Unilever стои дека партнерството е дел од нивниот план преку кој компаниите се обврзуваат да го подобрат хранливиот квалитет на нивниот производ. Етикетирањето на производите ќе им овозможи на потрошувачите од целиот континент да утврдат кои од нив се со растително потекло.

“Ова е прв пат да имаме шанса да бидеме партнери со компанија која има намера толку многу производи да ги стави во V шемата. Тоа е добра вест за сите оние кои сакаат да ја намалат количината на месо во својата исхрана“, рече портпаролот на ЕВУ, Флорис де Град.