USB стик детектира ХИВ вирус

50

stik

Научниците од Imperial College во Лондон и експерти од компанијата DNA Electronics заеднички развија напреден уред во облик на USB стик што може да ја тестира крвта за присутност на ХИВ вирус.

За тестирањето е потребно само капка крв од пациентот, која треба да се стави на сензорот од овој уред. По ова, преку хемиска реакција на крвта се менува нивото на киселоста на металниот сензор, а вградениот чип ја мери таа промена. Откако ќе поминат од 20 до 30 минути, уредот може да се приклучи на USB порт на компјутер, каде преку помош на посебен софтвер ќе се читаат добиените податоци, пишува Verge.

Првите тестирања, направени на 991 примерок од крв, покажале дека просечното потребно време за тестирање изнесува 21 минута, а точноста на резултатите изнесува 95%.

Овие стикови се наменети за еднократна употреба. Научниците велат дека USB стикот сè уште не е подготвен за комерцијална употреба, но во иднина значително ќе помогне во борбата против ширење на вирусот.