Чикаго можеби ќе добие соларна пловечка велосипедска патека

74

riverride

Жителите на Чикаго може наскоро да добијат пловечка соларна патека. Група архитекти и дизајнери од Second Shore ја креираа River Ride, велосипедска патека што ќе се гради од челик. Армирано бетонскиот мост ќе плови по реката Чикаго, а би го градел глобалниот лидер во пловечки објекти Marinetek, пишува Inhabitat.

riverride2

На оваа велосипедска патека ќе бидат вградени соларни панели што ќе ја осветлуваат патеката и ќе ги топат мразот и снегот. При врнежи би се активирале тенди и грејачи што ќе бидат вградени на површината на структурата.

riverride3

Доколку градот го одобри овој проект, изградбата би требало да започне во 2018 година, а да заврши во 2019 година.