Во вторникот, во Хаб Скопје се одржаа настаните Tasting Ideas #4 и Follow the Fellow.
Follow the fellow e информативен настан од едукативен карактер, на кој гостинот на настанот ја споделува својата инспиративна приказна. Гостинот зборува за сопствените професионални искуства и предизвици, а во директна комуникација со присутните, се споделуваат мислења од различни области. На овој настан зборуваше Весна Кузмановиќ, која ја пренесе својата професионална приказна како ментор, истражувач и претприемач.
Tasting Ideas e настан што Хаб Скопје го одржува еднаш месечно и е од отворен карактер. Целта на овој тип настани е да им даде платформа за размислување и формирање на идеи на луѓето од креативната/бизнис/социјална заедница. Вкусувањето идеи значи и споделување, нуди можност за соработка, слобода на иновативноста, заеднички насоки, различни перспективи, јакнење на вредностите и дружење кое може да прерасне во успешна приказна.
Повеќе на следниот линк.