Панасоник се откажа од докапитализација на Горење

44

gorenjeПанасоник нема да го докапитализира Горење, но планира партнерство со две компании, пишува словенечки Дневник.

Директорот на Горење Фрањо Бобинац за докапитализација преговара со малцинските партнери, што според Дневник, ги зголемува сомнежите во нејзиниот успех. Панасоник наместо докапитализација, со Горење планира соработка на партнерско – производни основи.

Вечерње новости, пак, кон крајот на минатиот месец пишуваа дека Горење и Панасоник би требало да отворат заедничка фирма за производство на разладни уреди во Зајечар. Вредноста на инвестицијата е околу 70 милиони евра, а во новата фабрика би требало да се вработат 1.400 луѓе.