Маса за кафе што лебди

47

masa1

Американското дизајнерско студио Siren Design Studios креира маса што лебди, наречена Teles Taxídi (совршено патување). Оваа маса се состои од долен дел – подлога и горна површина коишто се разделени за пет сантиметри, а горниот дел во воздух го одржуваат вградени перманентни магнети.

За сè да биде на свое место, масата е поврзана со кевларски конец со што се одржува балансот, додека магнетската противтежа овозможува левитација и нежно амортизирање при ставање на предмети на масата.

Цената на масата изнесува 30.000 долари.