Еден од терминалите на аеродромот ЏФК ќе стане луксузен хотел

67

twa-hotel1

Познатиот терминал на меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди, Trans World Flight Center (TWA), наскоро ќе се претвори во луксузен хотел со 505 соби.
ТWA центарот за летање, кој го проектираше архитектот Еро Саринен, беше отворен во 1962 година и служеше како терминал за меѓународни летови сè до 2001 година, кога повеќе не можеше да ги поддржи современите авиони. Во 2005 година, терминалот влезе во регистерот на историски знаменитости.

twa2

Откако 15 години беше под клуч, преку конверзијата на TWA центарот во хотел, легендарното њујоршко обележје ќе се сочува од заборавот така што ќе добие нова улога. Работите ќе ги изведува инвестиционата хотелиерска фирма MCR, пишува Designboom.

Примарниот план на проектот е да се сочува и обнови зградата преку дизајн што ќе ја отслика нејзината естетика од 1962 година. Покрај собите за гости, во хотелот ќе има и простор од 3.700 метри квадратни наменети за состаноци и други настани и 930 метри квадратни видиковец од каде ќе може да се набљудуваат авионите. Планирано е да биде завршен и отворен во 2018 година.

twa3“Горди сме што учествуваме во планот за ревитализацијата на аеродромот и возбудени сме што со нашата работа ќе дадеме нов живот на една од најзначајните градби во Америка“, вели директорот за развој на MCR, Тајлер Морс.