Францускиот уметник Бенедето Буфалино успеа од камион за мешање цемент да создаде огромна диско топка, пишува Inhabitat.
На камионот за мешање цемент се поставени стотина огледала, коишто рефлектираат светлина додека се врти миксерот. Во исто време, додека се врти огромната диско топка, од камионот се слуша и музика за целосно уживање.
Бенедето Буфалино е познат по неговата необична уметност – телефонска говорница ја претвори во аквариум, превртен автомобил како маса за пинг понг…