Атлантик Група ја доби наградата Бренд Лидер

63

atlantik grupНа регионалната конференција на тема Агробизнис: природен, пазарен и инвестиционен бренд на Југоисточна Европа, која се одржа на 6 март во Сава Центарот во Белград, на Атлантик Група и беше доделена престижната Бренд лидер награда – за покажаната бизнис извонредност и севкупен придонес кон зголемената конкурентност во регионот и Југоисточна Европа. Наградата ја прими Иван Мишетиќ, генерален секретар на Атлантик Група.

Целта на 9-тата регионална конференција Агробизнис беше објективната анализа на пазарните можности и перспективите на неискористените потенцијали во регионот. Низ искуствата и најдобрите примери од праксата, се разговараше за креирањето на нови бизнис можности, поттикнувањето на оперативните активности во натамошна мобилизација на големите природни ресурси во производство на храна, нови инвестиции, регионална интеграција и подобрување на конкурентноста на глобалниот пазар.

Во рамките на конференцијата, во панел дискусиите на тема: Пазарно мерење на моќта на брендовите и приватните стокови марки, преку излагањето на Иван Мишетиќ, Атлантик Групата од своето искуство како голема регионална компанија, даде предлози и насоки за реалните перспективи и натамошниот развој на агробизнис секторот, како и за тоа како да се поттикнат бизнис можностите кои би ги насочиле инвестициите во атрактивни проекти.

“Локалните производители на прехрамбени производи, во согласност со следењето на трендовите и примената на новите технологии, ќе имаат значително влијание врз однесувањето на потрошувачите и развојот на пазарите во регионот, а тоа се повеќе ги загрижува големите мултинационални компании и водечките глобални лидери. Пример за тоа е Гуарана од Књаз Милош наспроти Ред Бул, или Соко Штарк од Атлантик Група наспроти Крафт/Милка. Прогнозата е дека големите странски компании ќе направат чекор наназад и ќе се вратат на моделот на дистрибуција во регионот, што ќе биде можност за домашните компании да го искористат помалиот фокус и помалите инвестиции на големите играчи и да извршат силен “напад” со домашни брендови. Тоа е прилика и за дистрибутерите во регионот да го препознаат тој момент и да создадат интересни и прифатливи модели, кои на мултинационалните компании ќе им обезбедат профитабилен модел и висок квалитет на логистика и извршување”, изјави Мишетиќ.

На конференцијата присуствуваа високи претставници од институциите на Европската унија, Русија, Кина, министри од ресорните министерства, доносителите на одлуки од водечките компании од областа на агробизнисот и финансискиот сектор во регионот.