Домино сет направен од злато и дијаманти е најновата креација на германската компанија Lieb Manufaktur, којашто се занимава со производство на уникатни и иновативни друштвени игри (табла, домино, шах) направени од ретки и благородни материјали.
Оваа германска компанија посветува големо внимание на предметите коишто ги креира и користи импресивни материјали за да создаде уникатни и визуелно привлечни производи, пишува Luxury Trends.
Еден домино сет чини 147.000 евра, а се состои од 28 домино плочки, тежи 2,4 килограми чисто злато и има 168 дијаманти. Секое парче е направено од високо квалитетно 18 – каратно злато, коешто е декорирано со дијаманти. Доминото е спакувано во специјално дизајнирана мермерна кутија.