Најчести грешки што ги правиме при конверзација

103

razgovor

Фото: Pexels

Во бизнис светот конверзацијата претставува примарен алат за комуникација и управување и ја водиме за да изградиме односи со колегите и клиентите. Да се биде добар соговорник значи да се биде добар говорник, но и добар слушател. Меѓутоа, честопати го занемаруваме фактот дека без активно слушање нема добра конверзација. Постојат грешки што ги правиме при водењето на разговор, а ова се ефикасни начини да се подобрите како соговорник, пишува Inc.

Зборувате, а не слушате

Еден од најважните аспекти на добар разговор е да се биде добар слушател, а тоа е повеќе од само слушање на другата личност. Треба да знаете како да слушате и да одговорите на начин кој покажува дека сте навистина заинтересирани. Со поставување на дополнителни прашања на соговорникот ќе му дадете до знаење дека внимателно слушате.

Поставувате премногу прашања

Ако на вашиот соговорник му поставувате премногу прашања, може да се почувствува како да е на полициско испрашување. Подобрете ја вашата конверзација со воздржување од поставување на многу прашања на соговорникот. Поставете релевантни и ненаметливи прашања за темата на која се говори.

Го прекинувате соговорникот

Една од најлошите работи што може да ја направите при конверзацијата е постојано да го прекинувате соговорникот додека зборува. Кога ќе го оставите соговорникот да заврши со зборување, особено во случај на несогласување, ќе му дадете до знаење дека сте доволно љубезни да го сослушате.

Го наметнувате вашиот став

Кога го водите разговорот, не се трудете да го наметнете својот став. Прифатете го фактот дека секој има право на свое мислење.

Зборувате брзо

Зборувајте гласно и јасно. Тивкото и брзото зборување не се добра основа за успешно комуницирање. Правете пауза додека зборувате, со тоа ќе овозможите соговорникот да размисли за она што разговарате.