Gali е компактна микро кујна на шпанската дизајнерка Ана Арана, чии компоненти се отвораат како култниот швајцарски џебен нож, пишува Inhabitat.
“Живеам сама во многу мал стан, но мојата кујна е огромна. Отсекогаш размислував дали постои начин да се намали тоа што зафаќа толку многу простор, а не се користи. Истражував и сфатив дека кујните не се многу променети од првата Светска војна, па мислам дека е време за промена“, вели Арана.
Кога е затворена, Gali изгледа како мал гардеробер, но во себе “крие“ мијалник, шпорет, фрижидер, микробранова печка или тостер, канта за отпадоци, фиоки за неопходните предмети…
Нејзиниот прототип на кујна чини околу 2.500 евра. Во овој момент Арана бара партнер од којшто ќе добие поддршка за производство и продажба на нејзиниот изум.