Поради штедење, Словенија на 20 март ќе ја затвори својата амбасада во Иран, објавни словенечкото министерство за надворешни работи. Одлуката за затворање на дипломатското претставништво во Техеран е донесена поради финансиските и економски прилики во Словенија кои бараат значително намалување на трошоците на дипломатската мрежа.
Од 1 февруари годинава, откако одлуката на владата ја прифати парламентот, за издавање визи и застапување на Словенија е овластена амбасадата на Австрија во Иран.
Словенија ја отвори амбасадата во Иран во 1993 година.
Поради спроведување на мерките за штедење и рационализација на дипломатската мрежа, Словенија минатата година ги затвори своите амбасади во Шведска, Финска, Португалија и Ирска, како и генералните конзулати во Дизелдорф и Њујорк.