Компании, бизнисмени и поединци со голема поддршка за воведување роботика во училиштата во Хрватска

25

robotika-vo-ucilista

Хрватското здружение Croatian Makers (Институт за развој на и иновативност на млади) на Indiegogo ја започна кампањата BBC micro:bit – STEM револуција во училиштата.

Целта на кампањата е воведување роботика во хрватските основни училишта. Со Micro:bit сетови се очекува да бидат опремени над 1.000 училишта и инстутиции.

Голем број луѓе, претприемачи, здруженија и компании дадоа финансиска поддршка на овој проект, којшто првично побара 60.000 долари. Kомпанијата Terminal works засега има најголема инвестиција од 10.000 долари. Еден од најголемите поединечни донатори е Гавин Сусман со 6.000 долари, кој е инвеститор во загрепскиот HUB385. Познатиот хрватски бизнисмен, Емил Тедески, донираше 5.000 долари, со што според Пословни дневник, е на трето место по износот на донираните средства.

Досега над 1.630 поддржувачи успеаја да соберат над 206.800 долари за овој проект. Кампањата на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, трае уште 15 дена.