Паметни и иновативни очила со автоматски фокус

199

inovativni-ocila

Карлос Мастранџело, професор по електроника и компјутерско инженерство на Универзитетот во Јута, создаде иновативни очила што автоматски го фокусираат она што сака да го види нивниот корисник, пишува The Verge.

Барајќи начин како да го реши проблемот со својот вид, Мастранџело ги создаде овие очила, чии леќи автоматски го зголемуваат она што корисникот сака да го види – без оглед дали е близу или далеку.

Специјален сензор за далечина, поставен на рамката на очилата, користи инфрацрвени зраци да го пресмета растојанието меѓу очилата и одреден предмет, по што се менува течноста во леќите за да може подобро да се види.

Неопходни се 14 милисекунди очилата да го сменат фокусот, а батеријата во рамката на очилата трае повеќе од 24 часа.

Моменталниот дизајн на очилата е масивен, но тимот на професорот работи на негово подобрување.

Овие паметни очила би биле достапни за две до три години, а ќе чинат од 500 до 1.000 долари.