Дизајнерот Ив Бехар создаде уред што ќе може да продуцира музика од винилни плочи, а корисникот го контролира преку апликација за мобилен уред, пишува Design milk.
Елегантниот уред, што го носи името Love, наликува на издолжено глувче со сјајно црна боја. Кога Love е синхронизиран со аудио уредот, се поставува винилната плоча на една од двете бази, по што се скенира записот за да може да утврди неговата големина и број на песни.
Love, којшто е поврзан со Bluetooth и безжична мрежа, се врти над плочата и ја репродуцира саканата песна. Корисникот преку апликацијата може да ја избере посакуваната песна, а може да се поврзе и со звучници, слушалки и стерео систем преку Bluetooth, Wi Fi или со кабел.