Sweepovac е иновативен уред што може да им помогне на модерните домаќинки брзо и за кратко време да го исчистат подот без да вклучуваат правосмукалка.
Уредот лесно се поставува на долниот дел од било кој кујнски елемент и не бара дополнителни трошоци за местење или поврзување. Има голема апсорбирачка моќ и за само неколку секунди ја вшмукува нечистотијата, којашто корисникот му ја доближува со најобична метла.
Зад Sweepovac стои иноваторот Хенри Финглтон, кој се обиде да најде начин како да го олесни чистењето на домот.
Sweepocav чини околу 200 долари, а ќесите за собирање на правот и отпадоците чинат 25 долари.