Бесконтактно плаќање со помош на очила за сонце

63

ocila-za-sonce

Австралискиот старт – ап Inamo создаде очила за сонце со кои може да се вршат бесконтактни плаќања, пишува Geek.

Станува збор за очилата WaveShades на чии рачки е вграден чип за плаќање. Во проектот се вклучени компанијата за финансиски услуги Visa, производителот на очилата Local Supply и Inamo.

За да може да плати, корисникот само ги вади очилата и ги доближува до бесконтактниот читач со што го извршува плаќањето.