Робот – бариста во кафуле во Сан Франциско

48

kafe

На гостите во кафулето Cafe X во Сан Франциско кафето им го подготвува робот. Тие своето кафе можат да го нарачаат преку посебна апликација или на самиот киоск во кафулето преку iPad. Гостите избираат какво кафе ќе пијат и ја гледаат белата роботска рака како го подготвува кафето, пишува Fortune.

Извршниот директор Хенри Хју и неговиот персонал ја програмираа роботската рака од Mitsubishi за да биде бариста. Роботската рака ја зема чашата и внимателно ја внесува во апаратот за правење кафиња без да се истури ниту една капка. Ако гостинот сака млеко, раката посегнува до друга машина и ја додава состојката. Откога ќе заврши роботот ја остава чашата во мал отвор од каде може да се земе кафето.

Стартапот Cafe X Technologies сака да отвори и други вакви кафулиња во САД каде кафето се подготвува за 20 секунди.