Almond cow – блендер што прави млеко од бадем за 30 секунди

115

almond-cow

Almond cow е уред со чија помош може да се направи млеко од бадеми или други видови на јаткасти плодови за само 30 секунди.

Уредот е комбинација од блендер и мини мелница за кафе, а е дизајниран само за мелење на јаткасти плодови и правење млеко од нив. Заедно со јаткастите плодови се става и вода, по што се добива каша, којашто истекува во посебен сад, а остатокот се задржува во филтерот.

Од целиот процес, којшто трае 30 секунди, може да се добијат 1,3 литри здраво и свежо млеко.

Зад неговиот дизајн стои Американецот Питер Џин, кој го постави овој уред на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter. Првично побара 10.000 долари, а на 30-тина часа пред завршување на кампањата, собра над 135.635 долари.