Британската компанија Reckitt Benckiser се согласи да го купи американскиот производител на адаптирано млеко за бебиња, Mead Johnson, за 16,6 милијарди долари, пишува Marketing Interactive.
“Преземањето на Mead Johnson е значаен чекор за создавање лидерска позиција на Reckitt Benckisser во делот на производи за здравјето на потрошувачите“, изјави Ракеш Капур, извршен директор на Reckitt Benckiser.
Со ова преземање, компанијата ќе го зајакне и пристапот на пазарите на развиените земји, како што е кинескиот. Од друга страна, со преземањето на Mead Johnson, компанијата влегува и на пазарот на храна за бебиња.
Меѓу најпознатите брендови на Reckitt Benckiser се: Air Wick, Calgon, Durex, Scholl, Strepsils, Vanish, Veet и други.