Зелен покрив на библиотеката Мартин Лутер Кинг во Вашингтон

43

martin

Холандското архитектонско студио Mecanoo во соработка со американското Martinez+Johnson Architecture изработи проект за реконструкција на Меморијалната библиотека Мартин Лутер Кинг во Вашингтон. Новото решение ќе даде целосно нов изглед на објектот со што ќе се додаде повеќе јавен простор и зелен покрив на зградата, пишува Inhabitat.

martin1

Библиотеката е отворена во 1972 година и се простира на 3.000 метри квадратни, а акцентот во дизајнот и организацијата на новиот проект е ставен на Централната сала (Great Hall), што ќе служи за одржување на културни и неформални настани.

Посетителите на обновената библиотека ќе може да уживаат во кафулиња што ќе бидат сместени на приземјето и на пространиот зелен покрив што овозможува убав поглед на градот.