БиХ може да остане без 7,5 милиони евра помош од ЕУ за пописот на населението

38

evraПоради неисполнување на неопходните услови, Босна и Херцеговина би можела да остане без 7,5 милиони евра колку што планира да и даде ЕУ како дополнителна поддршка за да се спроведе попис на населението.

Тој износ е додаток на веќе обезбедените 4,5 милиони евра кои ЕУ ги издвоила за техничка помош и опрема за попис и поддршка на Меѓународните набљудувачки операции.

“Сериозно сме загрижени поради доцнењето од властите на БиХ во исполнување на неопходните предуслови за добивање на тие пари. Пописот на население веќе еднаш е одложен и неопходна е ефикасна активност на сите нивоа на властите за да се обезбеди негово спроведување во октомври годинава”, предупреди портпаролот на Делегацијата на ЕУ во БиХ, Енди Мекгафи, пренесува Фена.

За да може ЕУ да ги стави парите на располагање, властите на БиХ мораат да развијат и усвојат финансиски план за попис на населението. Доколку тоа не биде сторено во наредните неколку дена, БиХ ќе се најде во реален и сериозен ризик да ги изгуби тие средства, предупредува Мекгафи.