Германски Lidl се шири на американскиот пазар

48

lidl1

Германскиот синџир на супермаркети Lidl се шири на американскиот пазар и летово ќе отвори трговски објекти во САД. Во план е оваа година да бидат отворени стотина маркети, а овој потег може да ги “разниша“ американските трговци, пишува Reuters.

Lidl продава артикли по поволни цени и има повеќе од 10.000 маркети во 27 европски земји, а првите 20 маркети во Америка ќе бидат отворени во Вирџинија, Северна и Јужна Каролина. Американските трговци поради доаѓањето на германскиот трговски бренд веќе преземаат акции.

“Трговците се подготвуваат за влез на Lidl на пазарот“, вели Милос Риба од компанијата IGD, што се занимава со анализа на трговскиот сектор.

Германската формула за дисконтни цени не е новост во САД, бидејќи Aldi својот прв маркет во Америка го има отворено уште во 1976 година, а сега има околу 1.600 маркети.

Меѓутоа на Lidl се гледа како поголема опасност за американските маркети, бидејќи во последните неколку години се оддалечија од стандардната формула на попусти и започнаа со воведување на брендови, свежи производи, пекари, подобро уредување на маркетите, а експериментираат и со интернет продажба и тоа може да ги привлече купувачите во САД кои повеќе сакаат брендирана роба.