Лондон: Постарите возила ќе плаќаат по 10 фунти за да се движат низ центарот на градот

52

zagaduvanje-avtomobili

Постарите возила, коишто се и поголеми загадувачи на воздухот, од 23-ти октомври ќе мора да платат по 10 британски фунти доколку сакаат да се движат низ центарот на Лондон, пишува The Guardian.

“Застрашувачки е фактот што живееме во град каде што воздухот е токсичен, поради што многу од нашите деца растат со проблеми со белите дробови“, изјави градоначалникот на Лондон, Садик Кан.

Оваа мерка е во рамки на новата законска рамка под името T – change, којашто ќе има за цел да го намали загадувањето во британската престолнина. Обврска за плаќање 10 фунти (околу 12 евра) ќе имаат сите автомобили што не го задоволуваат Euro 4 стандардот, односно возила произведени пред 2006 година. Се очекува T – change да плаќаат околу 10.000 возила неделно.