Darwin, робот- физиотерапевт ќе се грижи за болни од церебрална парализа

53

darwin-robot

Тим научници од Институтот за технологија во Џорџија создадоа робот што ќе им помага на дечиња и луѓе заболени од церебрална парализа, пишува PSFK.

Роботот, што го носи името Darwin, ќе биде робот – терапевт којшто со иновативни методи ќе им го олеснува секојдневниот живот на луѓето со вакви здравствени проблеми. Darwin постојано ќе биде со својот корисник, ќе му помага во извршување на работите и секој ден ќе ги прават неопходните физиотерапевтски вежби.

Целта на роботот нема да биде замена за физичкото присуство на луѓето кои се грижат за заболените од церебрална парализа, туку да им го олеснат и поедностават животот.