Фабрика во БиХ произведува чкорчиња повеќе од еден век

132

skorcinja-youtube

Фабриката за чкорчиња Долац од Босна и Хецеговина постои веќе 116 години и единствената од таков вид на Балканот, пишува Klix.ba.

“Низ годините воведувавме нови производи, па така освен обичните, денес произведуваме и чкорчиња за камини и пластични што ги заменуваат коцките за палење оган. Денес во фабриката работат десетина работници и тој број зависи од потребите на пазарот“, вели Љубинка Лешиќ, директорка на компанијата.

Производството на чкорчињата трае неколку минути, а најмногу време е потребно да се потопат трупците во базените за да може да омекнат за сечење. Во текот на еден ден се произведуваат 60 кутии со мачи шкорчиња и 20 со чкорчиња за камини.