Швајцарската компанија Раихал – Масари (R&M) отвори фабрика за производство и составување на платформи во Софија.
Инвестицијата вреди пет милиони евра, а до 2013 ќе бидат вработени 150 лица. Ова е доказ дека Бугарија е интересна за инвеститорите и покрај кризата, сметаат бугарските власти.
Ако до 2008 инвестициите биле главно во недвижности и финансиски услуги, сега тие заземаат само 15% од инвестициите, а 85% се инвестиции во фабрики, машини, технологии и индустрии.
R&M донела одлука да инвестира во Бугарија поради географската положба, конкурентните трошоци за работна сила, како и членството на земјата во Европската унија.
Компанијата е една од 500-те најголеми компании во Швајцарија. Продажбата во 2011 изнесувала 189 милиони швајцарски франци. Секоја година компанијата инвестира околу 5% од приходите во истражување и развој.