Фото: Pixabay
Кенија забранува производство и увоз на пластични кеси за комерцијална и употреба во домаќинствата, пишува News Talk.
Одлуката на тамошните власти ќе се реализира од септември оваа година, со што Кенија се приклучува кон повеќе африкански земји (Камерун, Гвинеја – Бисао, Малин, Танзанија, Уганда, Етиопија, Мавританија и Малави) што донесоа иста ваква забрана.
Официјалните податоци покажуваат дека годишно околу 100 милиони пластични кеси се трошат само во супермаркетите во Кенија, со што тие се еден од најголемите урбани загадувачи во земјата.