Mr. Trash Wheel – еколошки пловен објект што собира отпадоци од река

60

mr-trash-wheel

Фото: Baltimore water front

Mr. Trash Wheel е еколошки пловен објект што ги собира отпадоците во реката Џонс Фолс во американскиот град Балтимор.

Платформата ја придвижуваат две големи тркала коишто се движат со помош на водената струја, а кога ќе се намали нејзиниот интензитет, водните пумпи се напојуваат со електрична енергија од соларни панели. Штом контејнерот се наполни со отпадоците што ја загадуваат реката, тој се извлекува со бротче и се поставува нов празен контејнер.

Mr. Trash Wheel за прв пат заплови на деветти мај 2014 година, а оттогаш има собрано: 372.650 пластични шишиња, 464.947 пакувања од стиропор, 8.965.600 отпушоци од цигари, 6.478 стаклени шишиња, 257.337 кеси и 346.149 кеси од чипс.