Wells Fargo: Подигнување на готовина од банкомат без картичка

25

atm

Фото: Pixabay

Клиентите на американската банка Wells Fargo ќе може да подигнуваат готовина од банкоматите без да користат дебитна картичка. Оваа банка на 13.000 банкомати ширум земјата ја воведе можноста за идентификација на корисниците преку нивните мобилни телефони, пишува Mashable.

Наместо да ја вметнат картичката во апаратот, околу 20 милиони корисници преку мобилна апликација на банката ќе се поврзат на банкоматот и ќе може да подигаат готовина. Проверката на идентитетот ќе се врши преку код од осум цифри што ќе го генерира мобилната апликација, а истиот потоа ќе треба да внесе во банкоматот заедно со стандардниот пин.

Со оваа технологија нема да биде потребно да се носи картичката, но исто така помага во намалувањето на ризикот од измама.