Bagel – паметно метро што мери и анализира мерки

167

bagel

Фото: Bagel Labs

Bagel е уред за мерење што на корисникот му помага лесно да ги земе потребните мерки, но и да ги организира и анализира добиените податоци.

Метрото може да се поврзе со мобилна апликација во којашто се зачувуваат и анализираат мерките. Исто така, корисникот може и гласовно да ги пренесе мерките што ќе ги добие.

Bagel нуди три опции за мерење, што на корисникот му ја олеснуваат работата. Првата опција е традиционална (string mode), со помош на врвка преку којашто се поставуваат крајните точки чија дистанца треба да се измери. На овој начин најчесто се мерат рамни површини до три метри.

Втората опција или wheel mode, може да се користи доколку дистанцата е поголема, а корисникот не може да ја опфати со двете раце. Во тој случај се активира оваа опција и се тркала метрото по површината што треба да се измери. Најмногу се користи за мерење закривени површини до 10 метри.

Третата опција се однесува на далечинско мерење. Корисникот треба да го насочи ултрасоничниот сензор кон предметот, ѕидовите и таванот. Потоа, автоматски се вклучува ласерот којшто ја покажува линијата којашто се мери. Со Bagel далечинско може да се мери и до пет метри.

Bagel е производ на американски старт – ап и чини 89 долари.