Потврда од залог и лизинг – нова услуга на Централен регистар

centralen-registar-na-makedonija

Преку системот за е – потврди и интернет дистрибутивниот систем на Централен регистар, корисниците ќе може да го користат новиот производ, а тоа е потврда од залог и лизинг.

Интегрираната потврда за издадена информација за залог и лизинг содржи податоци за регистрираните документи од заложниот регистар и регистарот за лизинг (за заложниот должник и корисникот на лизинг). Потврдата ќе се изготвува исклучиво преку системот за е – потврди, по критериум ЕМБГ за физичко лице и ЕМБС за правно лице и ќе се наплаќа 505 денари. Потврдата, корисниците можат да ја побараат во хартиена и електронска форма.