Фото: Facebook
Одборот на доверители на БИП ја прифати понудата на компанијата М – 6 Еден, со што таа стана закупец на Белградската индустрија за пиво (БИП), стои во соопштението.
М – 6 Еден на последната аукција даде највисока понуда за закуп на сите брендови на Белградската пиварница. Во наредниот период ќе бидат задржани вработените, согласно договорените услови.
Во следните фази се предвидува развој на бизнисот и унапредување на работењето на компанијата. Подетално за развојните планови јавноста ќе биде запознаена наскоро.
Македонската компанија M – 6 Еден е во сопственост на Светозар Јаневски, кој истовремено е мнозински сопственик и претседател на управниот одбор на винарската визба Тиквеш. Јаневски, меѓу останатото, има и исклучително богато искуство и познавања за пивската индустрија во регионот и пошироко.