C – Safe, уред што го штити мобилниот телефон од кражба

37

c-safe

Фото: Facebook

C – Safe е патентиран уред што спречува кражба на мобилни телефони, додека тие се во џебот на својот корисник.

Станува збор за уникатен уред, којшто не дозволува крадец да го извлече мобилниот телефон од џебот на корисникот. C – Safe е составен од два дела, од коишто едниот се поставува на мобилниот телефон, а другиот од другата страна на џебот. Со помош на магнетите, автоматски телефонот останува во џебот без да ја оштети ткаенината.

Магнетите што го користи овој уред не го оштетуваат мобилниот телефон, ниту ќе му пречат на корисникот. Доколку некој се обиде насила да го земе телефонот, истиот нема да се одвои од џебот, а ако корисникот сака да го извади, во тој случај треба само да го повлече надолу и C – Safe го “ослободува“ мобилниот телефон.

Зад овој уред стои шведскиот старт – ап Lumeo Techology, којшто го претстави на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter. Иако првично побараа поддршка од 8.335 евра, на 27 дена пред истек на кампањата, успеа да собере над 11.200 евра.