Колку чини најскапиот аранжман за одмор?

76

7wonders-smallБританска веб страна која нуди луксузни пакети, го продава најскапиот аранжман за одмор досега. Патувањето трае две години и парот кој ќе се одлучи да го купи, ќе ја има привилегијата да ги види сите места во светот кои се под заштита на UNESCO, при тоа уживајќи во неверојатен луксуз. Цената на овој двегодишен аранжман е 1,5 милиони долари.

Во луксузното патување е вклучена посета на сите 962 спектакуларни места кои се под заштита на UNESCO, како Таџ Махал во Индија, Пирамидите во Египет, Забранетиот Град во Кина и уште стотици други воодушевувачки места.

GMA_4419-1000x1000

Сите места кои се наоѓаат на листата за посетување се познати по своето културно и природно значење. Патувањето во двете години ќе опфати вкупно 157 земји, а двојката ќе биде сместена во хотели како Sandy Lane во Барбадос, Хотелот George V во Париз и The Plaza во New York.

Патувањето ќе биде организирано по мерка од туристичката агенција Hurlingham Travel. Аранжманот се продава на веб страната за лукзуз VeryFirstTo, портал кој нуди лукзусни производи и искуства на своите членови кои можат да бидат “скроени” по желба на нарачателите.