Српската влада за Телеком бара минимум 2,5 милијарди евра

46

telekom srbijaСрпската влада сака да го продаде Телеком, но само доколку се појави инвеститор кој за 100% сопственост ќе понуди износ од 2,5 милијарди евра, пишува Блиц, пренесуваат српските медиуми.

Како што е потврдено за весникот, до сега нема инвеститор кој официјално и се обратил на Владата со најава дека сака да биде стратешки партнер за Телекомот.

“Контактите за можни инвеститори во националниот телеоператор се главно неформални. Знаеме дека за Телеком се интересираат една руска и една американска компанија, но се уште нема официјални разговори на таа тема”, изјавиле од Владата.

Од владата објаснуваат дека во случај да постои официјално интересирање, би се распишал меѓународен тендер за продажба на Телеком, на кој би му претходела повеќемесечна процедура за подготовка на јавен повик.