Листата на хрватски Форбс за оваа година се состои од 50 претприемачи кои заедно располагаат со богатство од 1,69 милијарди евра и во однос на лани, кога имаа 1,52 милијарди евра, побогати се за 170 милиони евра. Од ова може да се заклучи дека рецесијата на најбогатите годинава не им донела загуби. Богатството, што хрватски Форбс го следи според вредностите на акциите на Загрепската берза, најмногу им се зголемило на првите 10 на листата, пишува Јутарњи лист. Еве кои се тие:
1. Ивица Тодориќ, Агрокор
580 милиони евра (+92 милиони евра)
2. Фамилија Лукшиќ, Плава Лагуна и Јадрански луксузни хотели
171 милиони евра (+58,7 милиони евра)
Давор Лукшиќ
3. Емил Тедески, Атлантик група
145 милиони евра (+35 милиони евра)
4. Фамилија Бенје, Дукат – Лакталис
132 милиони евра
Емануел Бенје
5. Анте Влаховиќ, Адрис група
87 милиони евра
6. Плинио Кукурин, Адрис група
52,4 милиони евра
7. Маринко Задро, Виро
51,5 милиони евра
8. Анѓелко Леко, ХУП Загреб
44,9 милиони евра
9. Дражен Робиќ, Виро
36 милиони евра
10. Марко и Маријана Пипуниќ, Жито Осиек
33,4 милиони евра