Фото: Kickstarter
Decco е уред со чија помош родителите може да го следат движењето на своите деца и да добиваат известување доколку тие ја напуштат собата.
Овој уред се поставува на вратата од собата во којашто се наоѓаат децата, а родителите преку апликација од нивниот мобилен телефон добиваат информации за тоа каде се движат децата и дали излегуваат од безбедниот простор.
Decco има интересен дизајн што е прилагоден на децата, водоотпорен е и лесно се поставува на било каков простор. Може да покрие површина од околу 370 метри квадратни, а во исто време три лица преку него може да го набљудуваат движењето на децата.
Зад овој безбедносен изум стојат Криста Тиар и Лиса Карузо Руигрок од Канада, кои го претставија својот проект на Kickstarter. Оттаму планираат да соберат околу 17.300 евра финансиска поддршка.