По брегот на Менхетен ќе се гради шеталиште од 50 километри

43

menh

Фото: Office of the Mayor of New York City

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио најави изградба на пешачки патеки и зелени површини покрај брегот на Менхетен. Шеталиштето ќе биде долго 50 километри, а за изградбата ќе бидат издвоени 100 милиони долари.

Во изминатите пет години бројот на велосипеди во Њујорк порасна за 80%. Градското одделение за транспорт истакна дека проектот Greenway значително ќе влијае во зголемувањето на користење на велосипедот како превозно средство во Њујорк.

“При крај сме со комплетирањето на Greenway проектот што ќе го поврзе целиот брег на Менхетен. Сакаме сите жители на Менхетен да имаат достапни велосипедски патеки, шеталишта и игралишта покрај вода“, вели Бласио.

Идејниот проект е одобрен, а се очекува работите да започнат во 2019 година и да завршат до 2022 година, пишува Inhabitat.